
Глобалната потрошувачка на пиво се намалува, што е лоша вест за Франција, која сама произведува 30 проценти од сладот во светот, објавија француските медиуми, истакнувајќи дека Франција сè уште има намера да ја задржи својата водечка позиција на пазарот како најголем извозник на основната состојка за производство на пиво.
Како што објави BFM TV, Франција произведува 30 проценти од светскиот слад и е водечки извозник во светот речиси 50 години, со 14 фабрики и три главни производители во земјата.
Во најголемата фабрика за слад во Франција, годишно се преработуваат 275.000 тони од оваа клучна состојка, која потоа се транспортира со брод до пиварници во Северна Европа, Азија и Африка.
Фото: Pixabay