Глобалната продажба на чипови во 2024 година порасна за 19,1 отсто на рекордни 627,6 милијарди долари

Глобалната продажба на чипови се зголеми за 19,1 отсто минатата година на рекордни 627,6 милијарди долари, објави  Здружението на индустријата за полупроводници (SIA).
Вредноста на пратките во четвртиот квартал од минатата година изнесуваше 170,9 милијарди долари, што е за 17,1 отсто повеќе во однос на истиот квартал минатата година и 3 отсто во однос на третиот квартал од 2024 година.

Во декември, продажбата на чипови се зголеми за 17,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, на 56,97 милијарди долари. „Глобалниот пазар на полупроводници ќе ја постигне својата највисока продажба досега во 2024 година, надминувајќи ги 600 милијарди долари за прв пат“, изјави претседателот и извршен директор на СВР Џон Нојфер, пренесува Танјуг.

Во 2024 година, продажбата на чипови во Северна и Јужна Америка се зголеми за 44,8 отсто, во Кина за 18,3 отсто, во азиско-пацифичкиот регион и другите региони за 12,5 отсто, додека, наспроти тоа, продажбата во Европа падна за 8,1 отсто.

SIA покрива приближно 99 отсто од индустријата за полупроводници во Соединетите Држави и приближно 66 отсто од производителите на чипови од други земји.