Глобалната продажба на целосно електрични возила (BEVs) и plug-in хибриди (PHEV) порасна за 21 отсто на годишно ниво, главно поттикната од силниот раст на продажбата во Кина, кој повеќе од неутрализираше падот во Европа, објави компанијата за истражување на пазарот Rho Motion.
Според извештаите, 1,35 милиони BEV и PHEV биле продадени ширум светот во јули, од кои 880.000 биле во Кина. Продажбата во оваа земја се зголемила за дури 31 отсто на годишно ниво.
Во првите седум месеци од 2024 година, бројот на продадени plug-in хибриди во Кина се зголеми за 70 отсто во споредба со истиот период минатата година, пренесува Reuters.