Глобалната трговија стагнира

38

Еден од водечките германски економски институти,Kiel Institute for the World Economy (IfW), ја објави својата најнова анализа за глобалната трговија со стоки, прецизирајќи дека глобалната трговија стагнирала во септември.
Во анализата се вели дека прекините во синџирот на снабдување се намалија во септември откако побарувачката за стоки ослабе преку Атлантикот.

Според податоците на IfW, околу 12 отсто од стоките што се транспортираат во светот сè уште се заглавени во големите пристаништа. Се додава дека е намален и метежот во контејнерскиот транспорт во Северното Море.

Се очекува пад на извозот во ЕУ

„Само во германскиот залив 12 контејнерски бродови чекаат да истоварат стока. Пред еден месец ги имаше 19“, се наведува во анализата.

Се наведува и дека во септември се очекува пад на кинескиот извоз за 0,9 отсто и пораст на увозот за 3,9 отсто во однос на претходниот месец, додека за САД се очекува зголемување на извозот за 0,1 отсто и пад на увозот за 4,4 отсто.

Во анализата се наведува дека во септември извозот во Германија се очекува да падне за 0,1 отсто во Германија, а во Европската унија (ЕУ) за 0,2 отсто.

Се предвидува и дека рускиот извоз во септември ќе порасне за 0,2 отсто, а увозот за 0,8 отсто во однос на претходниот месец.