Глобалната употреба на јаглен достигнa рекорд во 2024 година

Употребата на јаглен во светот  достигнa рекорд во 2024 година, и покрај растот на обновливите извори на енергија и напорите за премин кон чисти извори, предупреди годишниот извештај за состојбата на климатските промени објавен денес.

Иако уделот на јагленот во производството на електрична енергија се намали поради растот на сончевата и ветерната енергија, поголемата вкупна потрошувачка на електрична енергија доведе до зголемување на употребата на јаглен, според извештајот, објавува „Гардијан“.

Земјите заостануваат зад целите за намалување на емисиите на стакленички гасови, додека индустријата и транспортот продолжуваат да произведуваат големи количини јаглерод.