Глобалниот пазар на автомобили годинава очекува раст од 2,8%

33

Годинава се очекува раст на светскиот пазар на автомобили (патнички и лесни комерцијални возила), а според експертите од американската корпорација S&P Global, продажбата на автомобили во светот ќе порасне со стапка од 2,8 отсто и ќе достигне 88,3 милиони автомобили.

Во 2023 година, според податоците на S&P Global, во светот се продадени близу 86 милиони возила, што претставува раст од 8,9 проценти во однос на 2022 година, што се „смета“ како почеток на закрепнувањето на оваа индустрија, која претрпе сериозен удар за време на глобалната пандемија, известува Српското здружение на увозници на возила и делови.

Продажбата во Европа ќе надмине 15,1 милиони автомобили од 14,7 милиони возила во 2023 година, што би претставувало раст од 2,9 проценти.