Глобалниот пазар на компјутери порасна за 13% во последните три месеци

32

Глобалната продажба на персонални компјутери (PC) остана на високо ниво во вториот квартал на 2021 година.

Според последниот квартален извештај на Меѓународната корпорација за податоци (International Data Corporation – IDC), глобалните испораки на компјутери биле 83,6 милиони единици во вториот квартал, што е пораст од 13,2 %во споредба со  истиот квартал од 2020 година.

Пандемијата поттикна огромен скок во набавките на компјутери во текот на 2020 и 2021 година, но аналитичарите предвидуваат пад на испораките, бидејќи приоритетите за трошење на населението почнуваат да се менуваат.

Фото: Pixabay