
Нафтата во светските резерви што веднаш се продаваат е речиси исцрпена, предупредија бизнис лидерите од енергетскиот сектор на конференција во Лондон, предупредувајќи дека залихите се блиску до „точката на стрес“.
Владите и енергетските компании повлекуваат нафта од залихите со цел да ги пополнат „дупките“ во снабдувањето и да го ублажат скокот на цените поради невидените прекини во снабдувањето од Блискиот Исток и од Русија поради вооружените конфликти, потсетува Ројтерс.
„Денес има помалку од шест милијарди барели преостанати комерцијални залихи, но повеќето од нив се практично недостапни, па системот е веќе под притисок“, предупреди извршниот директор на саудиската државна нафтена компанија Сауди Арамко, Амин Насер, на конференцијата Форум за енергетска интелигенција во Лондон.
– Залихите достигнуваат точка на стрес. Само 10 проценти или помалку се достапни, па затоа 100 милиони барели се проблем за нив, нагласи шефот на саудискиот нафтен гигант.
Од почетокот на овогодишната криза на Блискиот Исток, повеќе од милијарда барели нафта се ослободени од залихи, претежно од комерцијално складирање на копно, рече Насер, и тоа беше последната голема мерка што ја имаше на располагање енергетскиот сектор.











