Глупави работи што ги прават паметните луѓе

31

perfekcija

Фото: Pixabay

Понекогаш паметните луѓе прават работи што немаат никаква смисла. Какви глупости прават паметните луѓе и на тој начин си го саботираат успехот? Преку понудените одговори можат да се надминат заедничките точки на саботирање на интелигентните луѓе. Видете кои се тие:

1. Поминуваат многу време во размислување наместо во правење на работите

Мислењето им доаѓа лесно на паметните луѓе, но затоа пак да направат нешто им е тешко. Истражувањето и планирањето се одлични во умерени количини, но може да ги доведе луѓето до опасна илузија за напредокот на дадената работа. Паметните луѓе кои се перфекционисти често заглавуваат на деталите, наместо да го завршат проектот што го започнале.

2. Ја следат толпата

Најчесто врвните студенти одат во истите индустрии како и нивните родители и таму ја градат кариерата, наместо да ја следат својата пасија. Многу паметни луѓе често се следбеници, веројатно затоа што растат и трошат толку многу време за да ги задоволат другите преку академски и востановени достигнувања, па никогаш не дознаваат што навистина сакаат да работат или пак да се обидат во нешто да бидат уникатни.

3. Престануваат да се обидуваат

Луѓе чија интелигенција им помогнала да постигнат одредено ниво на успех, често истата ги прави мрзливи. Овие паметни луѓе не успеваат во понатамошниот развој на нивните природни таленти и на крајот ќе завршат зад другите, кои првично биле помалку талентирани, но инвестирале повеќе време во пракса.

4. Ги потценуваат социјалните вештини

Некои интелигентни луѓе не сфаќаат дека интелектот е само еден елемент за постигнување на успех и дека личните врски се многу важни во професионалниот свет. Тие никогаш не се обиделе да ги подобрат своите социјални и комуникациски вештини, да се промовираат себеси и често ги омаловажуваат останатите луѓе што напреднале во дадената област.

5. Мора да се во право цело време

Егото и логиката се опасна комбинација и многу паметни луѓе се однесуваат како да се во право цело време. Лошо е кога тврдат нешто за коешто не се доволно информирани и срамно е кога инсистираат на факти против нечие верувања.

6. Го изедначуваат образованието со интелигенцијата

Високото академско образование може да влијае на некои луѓе да мислат дека кога некој ќе добие диплома, тоа ја одразува нивната интелигенција. Во многу случаи, дипломата од елитен универзитет претставува големо достигнување, но постојат и безброј примери кадешто оние кои не завршиле високо образование се повеќе квалификувани за дадената работа, затоа што имат големо искуство.

7. Премногу се независни

Паметните луѓе не можат да успеат да развијат здрав систем за поддршка, што на секој му е потребен за да постигне успех. Без добар систем за поддршка, секој може да почне да паѓа надолу по лизгавата патека кога ќе се соочи со тешкотии, ќе донесе погрешна деловна одлука или ќе стане жртва на измама. Како да се развие добар систем за поддршка? Треба да се ставите во друштво на зрели, добронамерни и компетентни луѓе со кои ќе можете да се идентификувате.