
Желбата за профит и „генијалната“, но опасна измама на членовите на криминалната група доведе до опасност по здравјето на голем број Европејци.
Ова го тврди Европол, по меѓународна полициска акција која се занимавала со група осомничена дека ги менувала етикетите на милиони прехранбени производи со поминат рок, а потоа ги прераспределила преку малопродажните синџири.
Станува збор за истрага која беше спроведена во неколку земји на ЕУ и на крајот резултираше со апсење на 27 лица. Европол предупредува и дека она за што се осомничени членовите на таа група – промена на датумите на производите со поминат рок и нивно враќање во дистрибуција и продажба – е релативно нова криминална практика. Но и крајно опасно, бидејќи потенцијално го загрозува здравјето на голем број луѓе, пишува Вечерњи лист.
Истрагата утврдила дека криминалната група дошла на идеја за нивниот „бизнис“ откако сфатила дека пандемијата COVID-19 ги направила синџирите на снабдување ранливи поради тешкотиите во транспортот и дистрибуцијата на храна и пијалоци. Тие сфатија дека акумулираат храна и пијалоци кои не можат да ги продадат поради КОВИД-19, но и како да го решат проблемот со рокот на употреба. Прво почнаа хемиски да ги бришат роковите на одредени артикли, по што ќе пишуваа нови. Подоцна, како што се сомнева, ги фалсификувале и декларациите и ставале сосема нови бидејќи сакале да создадат впечаток дека се работи за безбедна и свежа храна.
Европол предупредува дека таквата храна и пијалок не само што можат да имаат непријатен вкус и мирис, туку можат да бидат и крајно опасни за човечка исхрана и во исто време да претставуваат сериозен ризик за јавното здравје.











