Го продаде својот личен имот за да ја спаси презадолжената компанија

218

Директорот на кинеската компанија Евергранде, Сју Џиаин, продаде личен имот во вредност од над седум милијарди јуани (1,1 милијарди долари) за да ја поддржи својата презадолжена компанија, објавија кинеските државни медиуми.

Сју продаде неколку куќи во Хонг Конг, Гуангжу и Шенжен, како и неколку приватни авиони, објави кинескиот државен весник China Business News, повикувајќи се на анонимни извори, пренесува CNN.

Парите, кои Сју ги „пумпа“ во Евергранде од почетокот на јули, се искористени за „одржување на основните операции на неговата огромна деловна империја“, пишува весникот, додавајќи дека парите биле искористени за исплата на плати на персоналот, плаќање камата на некои обврзници и исплата на готовина што им се должи на инвеститорите.

Парите исто така отишле за завршување на имотните проекти на компанијата низ Кина. Од почетокот на оваа година акциите на компанијата паднаа за 80 отсто.