Година на Илон Маск – заработи повеќе од Безос, а побогат е од Цукерберг

97

Илон Маск по богатство го престигна сопственикот на Facebook, Марк Цукерберг и стана третиот најбогат човек на планетата.

Маск, кој стои зад компанијата Тesla и SpaceX, сега има 115 милијарди долари, додека Цукерберг има четири милијарди помалку.

Она што е интересно е што Маск го престигна Џеф Безос по раст на богатството во 2020 година. Маск заработи 87,8 милијарди долари од почетокот на оваа година, додека Безос во 2020 година ги зголеми своето богатство за 87,6 милијарди, според индексот на милијардери на Bloomberg.

Безос и понатаму е најбогатиот човек на светот со 202 милијарди долари, зад него е Бил Гејтс со 125 милијарди долари.

Фото:  Facebook