Годишен раст од 6,8 проценти на вкупните депозити и 5,2 % на кредитната поддршка

30

Вкупните депозити во јули бележат годишен раст од 6,8%, а кредитите раст од 5,2 %, објави денеска Народната банка.

Растот кај депозитите се должи на зголемените депозити и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поголем придонес има корпоративниот сектор.

Кај кредитите, растот се должи на двата сектора, но во поголем дел на зголеменото кредитирање на домаќинствата.

Според податоците објавени од централната банка, во јули кај кредитите одобрени за физички лица се забележува раст кај потрошувачките и станбените кредити, а намалување има кај автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички.