
Годишната инфлација во Бугарија се намали во ноември од октомвриските 5,3 на 5,2 проценти, така што сега е на најниско ниво за последните пет месеци, објави денес Националниот институт за статистика (НСИ) на земјаta.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Бугарија се зголемија за пет проценти на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 7,2 проценти, во областа на комуникациите за 3,9 проценти и образованието за 8,4 проценти, што во сите споменати случаи е побавен раст отколку во октомври.
Спротивно на тоа, цените на мебелот, опремата за домаќинство и одржувањето се зголемија за еден процент на годишно ниво, во транспортот за 1,1 процент, рекреацијата и културата за 18,4 проценти, со побрзо темпо отколку во претходниот месец.











