Годишната инфлација во Црна Гора во февруари стабилна на 2,8 отсто

Годишната инфлација во Црна Гора во февруари изнесуваше 2,8 отсто, што е исто како и во јануари и највисока од јули 2024 година, објави денеска Црногорскиот завод за статистика (Монстат).

Цените на храната и пијалаците во Црна Гора се зголемени за 0,7 отсто на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 6,3 отсто, домувањето и комуналните услуги за 5,3 отсто, како и цените во областа на рекреацијата и културата за 7,4 отсто, а цените на услугите во рестораните и хотелите за 6,6 отсто.

На месечно ниво цените се зголемени за 0,4 отсто во однос на јануари.