
Годишната инфлација во Еврозоната за август, според прелиминарната „кратка“ проценка, се зголеми од јулските 2,9 проценти на 3,3 проценти, објави денес Евростат.
Најголемиот придонес за растот на цените сè уште доаѓа од енергијата, чии цени во август беа за 14,3 проценти повисоки од претходната година, по зголемувањето од 10,3 проценти во јули.
Инфлацијата во секторот на услуги во Еврозоната се забави од јулските 3,3 проценти на три проценти на годишно ниво, а цените на индустриските производи без енергија се забрзаа од 0,9 проценти на 1,2 проценти.











