Годишната инфлација во еврозоната се искачи на два проценти во јуни

Годишната инфлација во Еврозоната, според прелиминарните „кратки“ проценки, се зголеми во јуни од 1,9 проценти во мај на 2 проценти, објави денес Евростат.

Во секторот на услуги во Еврозоната, во јуни е забележана инфлација од 3,3 проценти на годишно ниво, што претставува мало забрзување во споредба со мајските 3,2 проценти.

Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 3,1 процент на годишно ниво, со побавно темпо од мајските 3,2 проценти, а цените на неенергетските индустриски стоки се зголемија за 0,5 проценти на годишно ниво, исто така забавувајќи се од 0,6 проценти во мај.

Фото: Pixabay