Годишната инфлација во еврозоната се искачи на три проценти во април

Годишната инфлација во Еврозоната, според прелиминарната „кратка“ проценка, се зголеми во април од мартовските 2,6 проценти на три проценти, објави денес Евростат.

Растот на инфлацијата е првенствено резултат на силниот скок на цените на енергетските производи, кои во април се зголемија за 10,9 проценти на годишна основа, двојно побрзо од мартовските 5,1 проценти.

Цените на услугите забележаа раст од три проценти на годишно ниво, што е забавување во споредба со 3,2 проценти од претходниот месец.