
Годишната стапка на инфлација во Франција се зголеми на 1,7 отсто во јануари од 1,3 отсто во декември, објави францускиот национален институт за статистика и економски истражувања (Insee).
Јануарската инфлација во Франција беше ревидирана нагоре од прелиминарната прогноза од 1,4 отсто и сега е највисока од август минатата година, се додава во извештајот.
Цените во францускиот услужен сектор во јануари пораснаа за 2,5 отсто на годишно ниво, во споредба со 2,2 отсто во декември, а цените на енергијата пораснаа за 2,7 отсто, што е значително забрзување од растот од 1,2 отсто во декември.











