
Годишната инфлација во Германија се забрза од јунските 2,3 проценти на 2,8 проценти, во согласност со прелиминарната проценка, според податоците објавени денес од Федералниот завод за статистика (Дестатис).
Потрошувачките цени се зголемија за 0,8 проценти на месечна основа, а главната причина беше наглото зголемување на цените на енергијата по истекот на државниот попуст на горивото, објавува „Виршафтсвое“.
Во јули, цените на енергијата во Германија беа за 8,3 проценти повисоки од претходната година, додека нивниот годишен раст во јуни изнесуваше само 3,4 проценти.












