Годишната инфлација во Грција во декември намалена на 7,2 отсто

43

На 7,2 отсто се намалила инфлацијата во Грција за декември 2022 година, од 8,5 проценти еден месец порано и 9,1 отсто во октомври, објави онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“.

Пренесувајќи ги податоците од Службата за статистика, весникот пишува дека индексот на потрошувачките цени е зголемен за 7,2 отсто во декември, наспроти истиот месец во 2021 година, а има драстично зголемување на цените на прехранбените продукти во споредба со една година претходно.