Годишната инфлација во САД во јули остана стабилна на 2,7 проценти, што е пониско од очекуваното

Годишната стапка на инфлација во Соединетите Американски Држави за јули е 2,7 проценти, што е исто како и во јуни и помалку од очекуваното од економистите кои прогнозираа 2,8 проценти, објавува CNN.

На месечна основа, потрошувачките цени во Соединетите Американски Држави се зголемија за 0,2 проценти, што е во согласност со прогнозите на повеќето експерти.

Годишната базична инфлација во САД за јули е 3,1 процент, малку повеќе од очекуваните три проценти, додека месечниот раст на базичната инфлација од 0,3 проценти беше очекуван и во согласност со прогнозите.