Годишната инфлација во Шпанија падна на 2,2 проценти

Годишната инфлација во Шпанија се намали во април од 2,3 проценти во март на 2,2 проценти, што е најниска бројка за шест месеци и е во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Инфлацијата во шпанскиот сектор за домување и комунални услуги е 4,2 проценти, што претставува значителен пад во споредба со 5,7 проценти во март, првенствено поради побавниот раст на цените на електричната енергија и падот на цените на бензинот од 3,2 проценти на годишно ниво.

Придонесот кон вкупното намалување на инфлацијата дојде и од транспортниот сектор, каде што цените се намалија за 1,6 проценти на годишна основа.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија за два проценти на годишно ниво, а цените на алкохолните пијалоци и тутунот за 2,6 проценти, што во двата случаи претставува забавување во споредба со март.

Спротивно на тоа, годишната стапка на базична инфлација во Шпанија се зголеми од два процента во март на 2,4 проценти во април, што укажува дека притисоците врз основните компоненти на потрошувачката кошничка остануваат.

На месечна основа, потрошувачките цени во Шпанија се зголемија за 0,6 проценти, што е забрзување во однос на скромните 0,1 процент во март, според веб-страницата на INA.