Годишната инфлација во Словенија се забрза на 2,7 проценти во декември

Годишната инфлација во Словенија се забрза во декември од ноемвриските 2,3 проценти на 2,7 проценти, според податоците објавени  од Заводот за статистика на Република Словенија.

Инфлацијата беше поттикната од повисоките цени во категоријата домување и комунални услуги, каде што инфлацијата се забрза од четири проценти во ноември на 4,3 проценти.

Растот е забележан и кај мебелот, опремата за домаќинство и редовното одржување на домаќинствата, каде што цените се зголемија за 0,8 проценти, по стагнацијата во претходниот месец.