Годишната потрошувачка инфлација на ОЕЦД стабилна на 5,7 отсто во февруари

12

Годишната потрошувачка на инфлација во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) беше стабилна на 5,7 отсто во февруари благодарение на забавувањето на поскапувањето на храната, покажаа новите податоци.

Инфлацијата на храната продолжи да се намалува 15-ти месец по ред на 5,3 отсто во февруари, пониска од вкупната инфлација за прв пат од ноември 2021 година, се вели во соопштението на организацијата со седиште во Париз.

Цените на енергијата паднаа за 0,5 отсто на годишно ниво во февруари, по падот од 2,5 отсто во јануари.

Базичната инфлација, без храна и енергија, продолжи да се намалува, но остана висока на 6,4 отсто, како одраз на нестабилните цени на услугите.

Во Г20, годишната инфлација забрза на 6,9 отсто во февруари, достигнувајќи го највисокото ниво од март 2023 година, делумно поттикната од зголемувањето на вкупната инфлација во Кина.