Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 2,3 проценти во октомври

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 2,3 проценти во октомври оваа година, објави Германскиот федерален завод за статистика.

Тоа е подобро во споредба со претходниот месец, кога беше забележана највисоката вредност од почетокот на годината, од 2,4 проценти, објави „Трејдинг економикс“.

Сепак, според прелиминарната проценка, инфлацијата во Германија остана над пазарните очекувања од 2,2 проценти.