Годишната стапка на инфлација во Грција се намали на 2,9 проценти во август

Годишната стапка на инфлација во Грција се намали од 3,1 процент во јули на 2,9 проценти во август, објави грчкиот завод за статистика ЕЛСТАТ.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија во август за 2,2 проценти на годишно ниво, облеката и обувките за 7,7 проценти, комуналните услуги и домувањето за 3,7 проценти, во комуникацискиот сектор за 1,7 проценти и здравствената заштита за 0,6 проценти, што во сите случаи претставува забавување во споредба со јули.

Трошоците за транспорт повторно се зголемија за 1,6 проценти откако паднаа за 1,1 процент во јули, додека цените за рекреација и култура го забрзаа својот раст од јулските 0,8 проценти на 1,2 проценти.