Годишната стапка на инфлација во Грција се зголеми на два проценти во октомври

Годишната стапка на инфлација во Грција малку се зголеми од септемвриските 1,9 проценти на два проценти, објави денес Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија за 1,5 проценти на годишно ниво, трошоците за домување за 3 проценти, цените на алкохолните пијалоци и тутунот за 1,2 проценти, рекреацијата и културата за 1,5 проценти, здравствената заштита за 3,6 проценти, хотелите, кафулињата и рестораните за 6,1 процент, што во сите споменати случаи е побрз раст отколку во септември.

На месечна основа, цените се зголемија за 0,1 процент, првенствено поради зголемувањето на цените во категоријата храна и безалкохолни пијалоци, особено пекарските производи, месото, свежото овошје и зеленчукот. Делумно намалување на инфлацискиот притисок дојде од поевтината свежа риба, маслиновото масло и кафето.