
Годишната инфлација во Турција во март падна од 39,1 отсто во февруари на 38,1 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика (Туркстат).
Аналитичарите на Блумберг прогнозираат дека годишната стапка на инфлација во Турција ќе биде малку повисока и ќе изнесува 38,7 проценти.
Тоа е десетти последователен пад на годишната инфлација во Турција, која сега е најниска од декември 2021 година.
Фото: Pixabay











