
Според прелиминарната „флеш“ проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната порасна од 2,5 отсто во јуни на 2,6 отсто, објави денеска Евростат.
Во јули цените на енергенсите пораснале за 1,3 отсто на годишно ниво, со значително забрзување во однос на јунските 0,2 отсто, а индустриските производи за 0,8 отсто во однос на јуни 0,7 отсто.Наспроти тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемени за четири отсто на годишно ниво, а на храната, алкохолот и тутунот за 2,3 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од јуни.
На месечна основа, инфлацијата во еврозоната стагнира во однос на јуни.
Годишната стапка на базната инфлација во еврозоната во јули изнесуваше 2,9 отсто, така што таа остана на истото ниво како и во јуни, се наведува на веб-страницата на Евростат.
Ако се обрне внимание на четирите најголеми економии во еврозоната, годишната инфлација во Германија се зголемила во јули од јунските 2,5 отсто на 2,6 отсто, како и инфлацијата во Франција, исто така од 2,5 отсто на 2,6 отсто и Италија, со 0,9 отсто до 1,7 отсто.
Спротивно на тоа, годишната стапка на инфлација во Шпанија падна од јунските 3,6 отсто на 2,9 отсто во јули.












