
Годишната стапка на инфлација во Шпанија во октомври изнесува 3,5 отсто, што е во согласност со претходните прелиминарни проценки и исто како и во септември, објави шпанскиот национален институт за статистика (INE).
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во октомври пораснале за 9,5 отсто на годишно ниво, како и на алкохолните пијалоци и тутунот за 7,6 отсто и на услугите на хотелите, кафулињата и рестораните за 6,3 отсто, објавено e на веб-страницата на INE.
Станбените и комуналните услуги во октомври паднаа за 7,7 отсто во однос на истиот месец лани, пред се поради падот на струјата од 22 отсто, но годишниот пад на цените е побавен во однос на септември.
Годишната стапка на базичната инфлација во Шпанија падна на 5,2 отсто во октомври од 5,8 отсто во септември.
На месечно ниво цените се зголемени за 0,3 отсто во однос на септември.