Годишната стапка на инфлација во Турција во декември се забрза на 64,8 отсто

28

Годишната стапка на инфлација во Турција во декември се забрза на 64,8 отсто од 62 отсто во ноември, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат.

На годишно ниво најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, кафулињата и рестораните – за 93,24 отсто, како и во образованието – 82,06 отсто, здравството – 79,59 отсто, транспортот – 77,14 отсто, објави сајтот Туркстат.

Алкохолните пијалаци и тутунот поскапеле на годишно ниво за 72,01 отсто, облеката и обувките за 40,74 отсто, а храната и безалкохолните пијалоци за 71,26 отсто.

На месечно ниво инфлацијата скокна за 2,93 отсто во однос на ноември.

Годишната основна стапка на инфлација во Турција во ноември изнесува 68,02 отсто.

Централната банка на Турција  ја зголеми референтната каматна стапка на 42,5 отсто од 40 отсто во декември, велејќи дека сегашното ниво на домашна побарувачка, стабилниот раст на цените во услужниот сектор и геополитичките ризици продолжуваат да вршат притисок врз инфлацијата во Турција, објавија медиумите.