Годишната стапка на инфлација во Турција во јуни падна на 71,6 отсто

27

Годишната стапка на инфлација во Турција падна од 75,45 отсто во мај на 71,6 отсто во јуни, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат.

Ова е прв пад на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во јуни се зголемени за 71,6 отсто на годишно ниво, како и цените на транспортот за 65,67 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 90,67 отсто, облеката и обувките за 47,84 отсто, но во сите споменати случаи годишниот раст на цените беше побавен од мај.