Goldman Sachs и UBS ги намалија прогнозите за економскиот раст на Кина

13

Њујоршката банка Голдман Сакс и УБС од Базел ги намалија проекциите за кинескиот економски раст во тековната година, од шест на 5,4 отсто, односно од 5,7 на 5,2 отсто. Тоа секако е обесхрабрувачка вест за инвеститорите во кинески акции, кои имаа големи очекувања од најавените владини стимулации во економијата во Кина.

Аналитичарите на Golman Sachs проценуваат дека опсегот за олабавување на политиката е ограничен поради предизвикувачката демографска траекторија, високите нивоа на долгови и цврстиот став на Пекинг на пазарот на недвижности. Во нивниот извештај се наведува дека претстојното ублажување на политиката нема да биде толку големо и силно како во 2008 и 2009, 2015 и 2016 и 2020 година, известува SCMP.

Аналитичарите велат дека намалувањето на основната каматна стапка е една од мерките со кои располага Пекинг. Ефектот од минатонеделното намалување на каматните стапки за 0,1 отсто се уште не го покажа своето влијание врз економијата, а инвеститорите се надеваат на повеќе намалувања.

Некои аналитичари, сепак, предупредуваат на негативна страна на намалувањето на каматните стапки, изразувајќи загриженост дека домаќинствата и бизнисите ќе ги користат евтините пари за враќање на долгот, а не за продуктивни економски цели.