Голдман Сакс ги зголеми шансите за рецесија во САД на 35 проценти

40

Групацијата Голдман Сакс ја зголеми веројатноста за рецесија во САД на 35 отсто во следната година, поради зголемената неизвесност во однос на економското влијание на банкарскиот сектор.

Економистите предводени од Јан Хациус од инвестициската групација ги зголемија своите проценки за изгледите за рецесија од претходната веројатност од еден од четири, по колапсот на банката на Силиконската долина (СВБ), пренесува Блумберг.

Стапката на раст на деловната активност на Голдман Сакс и натаму е позитивна, а нивната деловна активност во февруари во просек изнесуваше повеќе од половина и достигна 52 отсто.

Реалната оценка на Голдман Сакс за вработеноста покажува дека благиот пораст на стапката на отпуштања е сè уште низок и изнесува 1,2 отсто, додека разликата меѓу бројот на работни места и работници е намалена, останувајќи над нивото од два милиони луѓе, проценуваат економистите.

Глобалните инвеститори станаа исклучително чувствителни на финансиските промени, а стравувањата дополнително се продлабочија поради кризата на довербата во банката „Кредит Свис“.