
Њујоршката банкарска корпорација „Голдман Сакс“ денес ги повика инвеститорите да вклучат злато и нафта во своите долгорочни портфолија со цел да ги ублажат ризиците за нивниот капитал.
Во време кога традиционалната стратегија за распределба на средства 60/40 (акции/обврзници) трпи сериозни удари, банкарските аналитичари веруваат дека златото и нафтата се во состојба да им обезбедат на инвеститорите позитивни реални приноси, објавува „Блумберг“.
„Голдман Сакс“ особено ја нагласува улогата на златото како „безбедно пристаниште“ во сценарија кога пазарот почнува да се сомнева во кредибилитетот на американските институции, вклучително и американската централна банка, ФЕД.











