Голдман Сакс: Компанијата Nvidia ги има најважните акции во светот

25

Извештајот за заработката на американскиот производител на чипови Nvidia е толку важен што аналитичарите од Њујорк Голдман Сакс тврдат дека Nvidia ги има најважните акции во светот.

Движењата на пазарот на опции укажуваат дека извештајот на Nvidia може да доведе до пад или пораст на цената на акцијата од дури 11 отсто, пренесува Bloomberg.

Податоците за заработката би можеле да ги потресат финансиските пазари бидејќи Nvidia има значаен удел во некои берзански индекси, а во оваа компанија истовремено инвестираат и голем број влијателни инвеститори.