Голдман Сакс очекува ОПЕК Плус повторно да го зголеми производството на нафта во септември

Њујоршката банкарска корпорација „Голдман Сакс“ очекува нафтениот картел ОПЕК плус да одлучи во текот на август за уште едно значително зголемување на производството на нафта во септември.

Според „Голдман Сакс“, последните 550.000 барели дневно од претходните намалувања на производството ќе бидат вратени на пазарот во септември – речиси една година порано од очекуваното.

Со овој потег, ОПЕК Плус би се вратил на целосно производство на нафта, односно на периодот пред да воведе доброволно намалување од 2,2 милиони барели дневно, објавува „Ројтерс“.