Голем пад на цената на нафтата

96

Цените на нафтата вчера паднаа за повеќе од четири отсто бидејќи Групата седум размислуваше за ограничување на цената на руската нафта и откако залихите на гориво во САД пораснаа повеќе од очекуваното.

Утрово, цената на барел нафта брент за испорака падна на 84,71 долари, додека барел сурова нафта во САД падна на 77,31 долари, според податоците на Oilprice.com.

Залихите на гориво во САД се зголемени за 3,1 милиони барели, покажуваат податоците на американската Управа за енергетски информации. Аналитичарите очекуваа зголемување на залихите од само 383.000 барели.

На цените дополнително влијаеше информацијата дека членките на Групата седум размислуваат да ја ограничат цената на руската нафта од 65 до 70 долари за барел, изјави европски претставник.

Тоа ниво во моментов е повисоко од цената по која руската нафта се продава на пазарот. Еден барел сурова нафта од Урал моментално чини меѓу 62 и 63 долари.