
ChatGPT, четбот со вештачка интелигенција, е на пат да надмине 100 милиони месечни активни корисници (MAU), објави Yahoo.
Ова би значело дека ChatGPT е прифатен побрзо дури и од TikTok или Instagram. Според пресметките на UBS, на TikTok му требаа девет месеци да достигне 100 милиони MAU, додека на Instagram му требаа 30 месеци да го достигне истиот репер.
„Податоците сугерираат дека ChatGPT ќе надмине 100 милиони во јануари, што е огромно достигнување за толку краток временски период“, напишаа аналитичарите на UBS во белешката од 1 февруари.
OpenAI објави овој месец дека започнува претплата наречена „ChatGPT Plus“ која започнува од 20 долари месечно.
Постои шанса луѓето да купат, особено ако ChatGPT продолжи да добива на интензитет – токму сега, луѓето зборуваат за тоа и го гуглаат, се разбира.
Податоците на Google Trends покажуваат дека светските барања за пребарување за термините „chatgpt“ и „chat gpt“ се блиску до нивниот најголем волумен од лансирањето на страницата во ноември 2022 година, при што интересот за пребарување достигна највисоко ниво досега пред само неколку дена – напишаа група на аналитичари на 1 февруари.
Фото: Pixabay