
Во 2025 година, во однос на 2024 година, обработливата површина под органско земјоделско производство е зголемена за 24.6 %, а со органско земјоделско производство се занимавале 931 производител.
Во истиот период се регистрирани 5 145 хектари обработлива површина, од кои
1 902 хектари се површини на органско производство во преод, објави Државниот завод за статистика.
Житните култури зафаќат најголем дел од површините под органско производство, и тоа со 2 444 хектари, што претставува 47.5 % од вкупната површина.
Во 2025 година, во споредба со 2024 година, површините под органско производство на житни култури се зголемени за 31.3 %. Зголемување на површините е забележано и кај индустриските и фуражните култури, како и кај овошките, додека намалување на површините е забележано кај зеленчукот и кај грозјето.
Вкупниот број органски говеда изнесуваа 9 546 грлa и во однос на 2024 година е зголемен за 1.1 %. Зголемување е забележано и кај органските овци, за 9.4 %, како и кај органските кози за 0.3 %.
Производството на органски мед во 2025 година е зголемено за 13.1 % во однос на
2024 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е намален за 2.6 %.
Органско производство во 2025 година
- Вкупно обработлива површина: 5 145 хектари
- Житни култури: 2 444 хектари
- Говеда: 9 546 грла
- Производство на мед: 69 658 килограми
- Фото: Гемини











