Голем удар за Нов Зеланд – заминува Господарот на прстените

76

Продукцијата на новата телевизиска серија Господарот на прстените ќе се пресели од Нов Зеланд во Обединетото Кралство, потврди продуцентската куќа Amazon Studios, пишува BBC.

Новата серија за епската фантазија, вредна повеќе милиони долари, засега се снима на Нов Зеланд, но втората сезона ќе биде снимена во Велика Британија, соопштија од студиото.

Владата на Нов Зеланд е разочарана од одлуката.

Ова е голем удар за забавната индустрија во Нов Зеланд каде што беа снимени овие наградувани филмови.

Министерот за култура на Обединетото Кралство, Оливер Дауден, ја поздрави оваа одлука и рече дека благодарение на новата серија, илјадници работни места ќе бидат отворени и поддржани во Обединетото Кралство.

Новата сезона ќе се емитува во септември, 2022 година. Се очекува серијата да има пет сезони, што ја прави една од најскапите серии во историјата.

Фото: Pixabay