Голема акција против бугарска банка за криптовалути

22

Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути.

Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата NEXO, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела, пренесува МИА.

Во изминатите месеци, криптобанката имаше проблеми и во САД за работа без лиценца, но не и во Бугарија.

За еден од главните клиенти на криптобанката во Бугарија се наведува дека финансирал терористички акти.

Во текот на акцијата во Софија над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела. Пребарани се повеќе од 15 адреси поврзани со криптобанката. Платформата тргува со криптовалути на берзи во Британија, Швајцарија, САД и офшор дестинации.

„Се истражуваат активности на организирана криминална група, перење пари, даночни кривични дела, кривични дела поврзани со банкарство без потребна лиценца, како и компјутерска измама“, изјави портпаролката на главниот обвинител, Сијка Милева.

Шемата на која работеше компанијата беше да ги привлече странските државјани да инвестираат во биткоини за многу високи каматни стапки.

„За последните пет години преку платформата поминаа повеќе од 94 милијарди долари како промет. Утврдено е и дека клиент на платформата финансирал терористички акти“, рече Милева.

„Откривме над 3,6 милиони трансакции од и до крипто берзата Nexo“, изјави Светослав Василев од Одделот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи.

Коосновач и управен партнер на Нексо е поранешниот пратеник во Реформскиот блок, Антони Тренчев. Меѓу оние кои биле на разговор во Обвиителството се директорот на Нексо, Коста Канчев и финансискиот директор Калин Методиев.

Продолжува потрага по повеќе лица, од кои дел се во Бугарија.

Нексо објави неколку пораки на Твитер, без да им прецизира на своите следбеници дека се кривично гонети.

Компанијата Нексо објави соопштение во кое се вели дека се уште не им се претставени официјални документи кои недвосмислено би укажувале против нив. „Меѓутоа, тоа се компензира со непотребни акции, со учество на лица кои одбиваат да се легитимираат и со часови не покажувале налог за претрес. Луѓе беа приведени без конкретни налози за нивно притворање. Се што се случи досега е во остар контраст со воспоставените законски и процедурални норми“, се наведува и во ставот на Нексо.