Голема аквизиција на Мајкрософт од 68 милијарди долари

124

Мајкрософт  соопшти дека ќе го купи гигантот во индустријата за видео игри, компанијата Activision Blizzard, за 68,7 милијарди долари и тоа во готовина.

Договорената цена значи дека Мајкрософт ќе плати 95 долари по акција на Activision Blizzard.

Акциите на Activision скокнаа за 27 отсто на Њујоршката берза по објавувањето на веста, додека акциите на Мајкрософт паднаа за помалку од 1,0 отсто.

Доколку се реализира аквизицијата, тоа ќе биде досега најголемото преземање на Мајкрософт, по купувањето на ЛинкдИн (LinkedIn) во 2016 година за 26,2 милијарди долари.

Activision Blizzard e познат по популарните видео игри како Warcraft, Overwatch и Call of Duty и други.