Голема банка за првпат им нуди на своите богати клиенти пристап до фондовите на биткоин

165

Morgan Stanley е првата голема американска банка која им нуди на своите клиенти за управување со богатство пристап до средства на биткоин, дознава CNBC. Инвестициската банка, гигант што управува со имотот на клиентите вреден четири милијарди долари, им соопшти на своите финансиски советници со интерен меморандум дека ќе иницира пристап до три фондови што овозможуваат сопственост на биткоини.

Овој потег, е значаен чекор за прифаќање на биткоинот откако клиентите побараа изложеност на криптовалутата. Но, барем засега, банката им овозможува само на своите побогати клиенти пристап до биткоинот. Банката смета дека услугата е погодна за луѓе со “агресивна толеранција на ризик“ кои имаат најмалку два милиони американски долари во сопственост на фирмата. На инвестициските фирми им требаат најмалку пет милиони американски долари во банката за да се квалификуваат за нови влогови. Во секој случај, сметките треба да бидат стари најмалку шест месеци.

Порастот на биткоинот во текот на изминатата година изврши притисок врз фирмите на Wall Street да размислат за вклучување во нова класа на средства.

Фото:Pixabay