Голема еднодневна божикна промоција на Мебел – Ви

45

mebelvi-logo

Мебел – Ви по повод Божикните празници организира големо изненадување за своите посетители.

“Освен традиционалниот новогодишен базар со којшто обезбедивме попусти до 40% на повеќе од 100 артикли и е во полн ек до 11.01.2017, подготвивме и нова специјална еднодневна понуда на целокупниот останат асортиман“, велат од компанијата.

Само на петти јануари, целокупниот асортиман на тапациран мебел достапен низ седумте салони на Мебел – Ви ќе се продава со попусти од 10%, а за некои гарнитури и повеќе. Сите останати производи од програмата на плочест мебел кои не се опфатени со новогодишниот базар, ќе бидат на попуст од 10% до 15%.

“Само на 05.01.2017, намален е буквално целиот асортиман којшто се нуди во нашите салони, како старата колекција, така и новата колекција за 2017 година. Најдобра можност за опремување на домашниот и работен простор досега. Совршен почеток на новата година. Токму затоа, Ве покануваме да ги посетите нашите продажни центри низ Македонија во кои на вкупна површина од околу 14.000 метри квадратни се сместени нашите производи со врвен квалитет, огромен избор и достапна цена. Мебел – Ви ја има најголемата продажна мрежа во нашата земја“, стои во соопштението.