Голема енергетска криза ја погоди Кина

109

На стоките од Кина се чека три пати подолго отколку во октомври, додека нивната цена значително порасна.

Во трката за чист воздух, власта падна во замка – намалено е производството на главниот, но еколошки неприфатлив ресурс – јагленот.

Сепак, земјата не успеа целосно да се префрли на алтернативни извори.

Минатиот месец фабриките во Кина добија наредба од владата: да се скрати работната недела на два дена за време на прославата на Националниот ден на Кина. Сепак, повеќето производители сè уште не се вратиле на стандардниот распоред. Руските компании се прилагодуваат на новите промени во нивната работа, јавува ТВ „Ѕвезда“.

„Порано производството на паметен телефон во Кина траеше 45 дена, а денес велат „рачунај 120 дена“ за обичен привезок за фабрички клучеви, бидејќи сите рокови постојано се менуваат. Тоа е поврзано со потребата да се одржи оптималното оптоварување на Кинеските енергетски мрежи. Работата со максимален капацитет ќе биде проблем – како што вели кинеската влада“, објаснува експертот за набавка на електрични уреди од Кина, Алексеј Рјазанцев.

Во пресрет на претстојните Олимписки игри, Кинезите почнаа активно да ги затвораат рудниците за јаглен за да ја покажат својата подготвеност да се откажат од енергијата која негативно влијае на климата, пренесе Спутник.

„Со нив, економијата рано излезе од „корона-кризата“, населението почна да троши многу енергија, а производството се намали. Ветерните електрани произведуваа помалку енергија“, вели Игор Јушков, водечки аналитичар во Фондот за национална енергетска безбедност.

Како резултат на тоа, имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија во 20 кинески провинции, додека властите ја ограничија потрошувачката во 16 провинции. Во некои региони, прекинот на електричната енергија го погоди и секторот за домување.

„Има проблеми на север. Производството на јаглен се зголемува, но владата строго го контролира. Ограничувањата не ги засегаат жителите, туку ги засегаат комерцијалните структури“, вели новинарот Владимир Грабар.

Кинеските добавувачи ги информираат партнерите за одложување на роковите, но не можат да соопштат конкретни датуми. Се појавија и стари проблеми. Цената на деловите и материјалите за производство продолжува да расте. Цената на полимерите поскапе за 10 отсто. Кинеските индустриски центри не се подготвени за зголемената побарувачка за претстојниот „црн петок“, а доаѓаат и новогодишните празници. Руските економисти предвидуваат дефицит на опрема, автоделови и облека.

Енергетската криза во Кина ги погоди економиите на речиси сите земји. Кинеската влада се обидува да го реши проблемот. Во последните недели, производството на јаглен во Кина се зголеми за повеќе од милион тони дневно, но не секаде.

„Ситуацијата со воздухот во Кина е тешка, а тоа меѓу другото е поврзано и со согорувањето на јаглен. Целта е сите да дојдат на Олимпијадата и да видат дека небото во Кина е ведро, сино“, изјави шефот на Канцеларијата на консултантската компанија во Пекинг.

Русите во пресрет на Новата година може да ги чека уште едно непријатно изненадување – дефицит од играчки, новогодишни украси и се што Русија набавува од Кина, пренесе Спутник. Се очекува цените да пораснат за 10-15 отсто додека Пекинг не излезе од енергетската криза. Експертите веруваат дека тоа нема да се случи пред кинеската Нова година.