Голема побарувачка за првиот турски автомобил, примени 100.000 преднарачки

233

Претставници на турската автомобилска индустрија објавија дека првиот автомобил од домашно производство Togg е многу баран на пазарот и дека во рок од седум дена се пристигнати 100.000 преднарачки.

Како што се наведува, на крајот на март ќе биде организирана ждрепка на која компанијата ќе открие кои луѓе први ќе го добијат овој модел на автомобил. Во првата фаза, Togg планира да дистрибуира 12.000 модели Togg T10X, а на 28 март ќе се одржи онлајн извлекување.

„Тogg претходно објави дека најниската цена на првиот SUV модел од C-сегментот ќе биде 50.230 долари. Возилото, кое влезе во производство во рок од пет години од фазата на дизајнирање, е произведено од конзорциум од пет турски компании наречени Automobile Initiative Group of Turkiye. Почнувајќи со масовно производство кон крајот на октомври, претставниците на Togg рекоа дека целосно електричниот модел T10X првично ќе се продава со еден мотор и две батерии“, пренесува Daily Sabah.