Консултантските фирми познати како Големата четворка забележаа најдобри финансиски перформанси кога клиентите брзаа да ги трансформираат своите бизниси за време на пандемијата на коронавирусот, пишува Financial Times.
КPMG објави годишен приход од 32,1 милијарди долари, што е за 10 отсто повеќе од минатата година. Заедно со Deloitte, EY и PwC, ќе генерира вкупен приход од 167,3 милијарди долари за фискалната 2021 година, што претставува зголемување од седум проценти.
Ова е најсилниот заеднички резултат на финансиските компании од скандалот поврзан со компанијата Енрон, кој доведе до пад на финансиската компанија Артур Андерсен во 2002 година.
Побарувачката за професионални советници порасна првенствено поради тоа што лидерите на многу компании одлучија да го реорганизираат својот бизнис за време на пандемијата, но и поради фактот што инвеститорите посветуваат се повеќе внимание на прашањата за животната средина, социјалните и проблемите во управувањето.
КPMG забележа раст на бројот на склучени зделки, а продажбата е зголемена за 17%, на ниво од 13,7 милијарди долари, благодарение на тоа што клиентите не штеделе во потрага по совет за спојувања и преземања, нови технологии и сајбер безбедност.











