Големиот играч во видео игрите бара купувач: Apple, Disney и Amazon во трка за парче од колачот

11

Издавачот на видео игри Electronic Arts бара потенцијален купувач или спојување. Apple наводно бил во преговори со компанијата за купување на EA. Покрај Apple, Disney и Аmazon преговараат за купување на компанијата за видео игри.

Компанијата, со седиште во Редвуд Сити, ги објави хит франшизите на видео игрите како што се Sims, Maden, Apex Legends. Идејата за купување или спојување дојде откако Microsoft го купи Activision Blizzard за 68 милијарди долари претходно оваа година. Набргу потоа, Sony го купи Bungee за 3,6 милијарди долари.

EA идеално сака да се спои со Apple, така што Ендрју Вилсон да остане извршен директор на комбинираната компанија.

Корените на EA всушност се враќаат во Apple. Во далечната 1982 година, тогашниот директор за стратегија и маркетинг на Apple, Трип Хокинс, ја напушти компанијата и ја основа EA. Сепак, откупот нема да биде првиот потфат на Apple во индустријата.